• Сподели на:

Еве неколку совети како да го натерате лудо да се заљуби во вас!

___

Тајната лежи во недостапноста и срамежливоста! На жените од ден на ден  им е се` потешко да го задржат мажот во своја близина.  Познато е дека припадниците на посилниот пол потешко се врзуваат но и покрај тоа постојат неколкутрикови кои ќе ги натераат да ја изгубат главата по вас.

Пуштете тој да ја започне играта
Немјоте вие да го направите првиот чекор, немојте да иницирате запознавање и прво излегување, затоа што мажите сакаат да бидат ловците. Доколку вие самите иницирате и ги организирате сите излегувања, тој со текот на времето ќе почне да ве доживува како пријател, а помалку како девојка и потенцијална животна партнерка.

Не го возбудувајте пред тој вас да ве нападне
Иако живееме во 21. век во кој мажите и жените станаа сексуално ремноправни, припадниците на посилниот пол сепак не сакаат кога жените на почетокот на запознавањето веднаш сакаат секс. Започнете со поедноставни допири, како на пример нежните допири по раката и косата, за почеток се доволно. Бидете нежни и малку срамежливи, но кога ќе започнете со сексуални односи, немојте пак да се однесувате како незаситна очајна девојка.

Поканете го на вечера
После неколку недели во врската изненадете го со неговото омилено јадење. Тоа не значи дека треба да станете негова готвачка, собарка слугинка. Едноставно правете го тоа што и ваш ве прави среќни.

Не штедете комплименти
Мажите сакаат да добијат комплимент од жена. На нив им е многу важно тоа и им ја зголемува самодовербата. Слободно кажете му дека изгледа добро и дека ги цените неговите квалитети и способности.

Избегнувајте разговор за иднината на врската
Повеќето од жените сакаат да знаат дали врската има иднина,  а мажите пак, мрзат разговори за тоа. Тие сакаат да уживаат во моментот и да не размислуваат за иднината премногу. Немојте да инсистирате на разговор за иднината на врската, само обрнете внимание на неговото однесување и ќе ги добиете саканите одговори.


Оставете коментар

___