Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Еве како да го натерате да полуди по вас!

Не постои жена која не посакува момчето со кое е во врска да биде лудо заљубено во неа. Како да направите тој да биде луд по вас? Не е толку тешко да го натерате вашето момче да биде лудо вљубено во вас, потребно е само трпение и време. Еве неколку начини како да го сторите тоа.

Покажете му ја вашата независност

Најпрво од сè, мора да му ја покажете вашата независност. Многу е важно да му покажете на вашето момче колку силна жена сте вие. Мажите имаат тенденција да бидат посебно заведувани од оние жени кои се независни.

Не бидете паразит

Ако константно сте „залепени” до вашето момче и го следите секој негов чекор, тоа ќе направи тој да почне да се „гуши” од вашето присуство. Важно е  да му оставите простор за себе.

Не го преземајте неговото место

Колку и да зборуваме за еднаквоста, сепак постојат нешта кои не треба женското да ги прави, кога се работи за силна љубовна врска. Некои улоги сепак се делат на машки и женски и затоа треба да му дозволите во одредени ситуации тој да ја покаже својата машкост. Треба да бидете благодарни кога вашето момче сака да ви помогне на каков и да е начин.

Уживајте во животот

Ако секогаш сте нерасположени и изгледате депресивно и тажно, тогаш не очекувајте да бидете привлечна за некого.

Дајте му ја вашата поддршка

Без разлика колку некои мажи се силни, постојат периоди во животот кога секому му е потребна поддршка. Кога ќе видите дека на вашето момче му е потребна поддршка, бидете до него и помогнете му.

Бидете секогаш убава

Многу жени кога се во долга и сериозна врска се задоволуваат со едноставноста во нивниот изглед, бидејќи веќе го добиле својот маж. Но не смеете да го запуштите вашиот изглед. Ако сте посетувале фризер пред тој да ве запознае, тогаш продолжете да го правите тоа. Ако сте биле паметни кога сте се запознале, останете такви!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement