• Сподели на:

Дали вашата врска е судбинска или само минлива работа?

___

Дознајте во кој вид на односи спаѓа вашата врска и какви и се шансите да потрае..

Кога ќе се спојат било кои две личности можете да добиете четири видови на односи. Тоа го тврди брачниот психолог д-р Кармен Хара која напоменува дека сите видови на љубов треба да се анализираат и категоризираат за да после тоа живеете поквалитетно, но и да бидете поотворени за нови љубовни односи.

Минлива романса

Таа е своевиден мост помеѓу две фази на созревање. Таа може да поттикне на промена или да го омекне товарот на минатата врска. Кај помладите луѓе може да биде лекција каква љубов треба да биде, а после разводот може да помогне во побрзо заздравување на раните. Таквиот вид најчесто е краткотраен, но помага на луѓето да досегнат нов и подобар стадиум во животот.

Кармичка љубовна врска

Кармата е спој на сето добро и лошо што сме направиле во животот, а нејзина и маана и предност е што се повторува. Токму поради тоа таквите врски се многу интезивни. Кармичките љубовни врски збогатуваат и исполнуваат, без обзир на тоа дали ќе траат кратко или долго.

Тиe подразбираат одредена акција, било тоа да е прекинување на одредена причина на однесување или повторување на исти ситуации. Како на пример, прекинување на долгогодишна врска после одредени сознанија или уживање со сродната душа. Врската со сродната душа едноставно значат дека имате посебен однос и нешто што ве привлекува без обзир на се.

Компромисна врска

Овој вид на врска е најчест и е спој на двајца кои ги поврзува финансиска или емоционална стабилност. Најчесто остануваат заедно поради децата и комфорот и не излегуваат од таканаречената „сигурна зона“, затоа што се плашат да останат сами или да бараат нов партнер. Задоволни се со постоечкото, не се и во потполност среќни, но тоа не ги спречува цел живот да го поминат заедно.

Врска со сродната душа

Таа е над психичкото и физичкото ниво. Исклучително е ретка, но кога ќе започне, трае цел живот. Ја карактеризира интензивна поврзаност помеѓу двајца луѓе. Тие толку се разбираат што буквално ја завршуваат реченицата еден на друг, тие се најдобри пријатели и веруваат дека заедно можат да го победат секое зло. Тоа не значи дека тие немаат проблеми, но полесно ги решаваат од другите парови.


Оставете коментар

___