Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Дали сеуште го сакате?

Одржувањето на врската не е лесна работа и често носи компликации. Ако не знаете што сака момчето од вас, ако не сте заинтересирани за него или, пак, немате доволно време за да му посветите, тогаш повеќе од очигледно е дека вашите чувства кон него избледуваат.

Ако сте пред раскинување на врската, не мора да значи дека тоа е апсолутниот крај.Има многу работи што можете да ги употребите за да ги освежите вашите чувства и да ја спасите врската од пропаст.

Но, тоа е можно само доколку сте упорни и сакате да го сторите тоа. Доколку се најдете во ваква ситуација, многу е важно да си земете неколку дена само за вас и добро ќе размислите за тоа што сакате од момчето и од врската или дали воопшто сакате сето тоа да успее. Обидете се да се анализирате себеси и своите чувства. Мора да бидете сигурни што сакате, пред да го направите следниот чекор.

Проверете дали сте на пат за да престанете да го сакате. Ако се препознаете во некои од овие ситуации…тогаш тоа е тоа..

Мислите дека знаете сè за него…

Порано знаевте да одвоите време само за вас двајцата и да разговарате за сè и сешто. Бевте искрени еден кон друг и секој ден имавте интересни работи за кои дискутиравте. Сега имате чувство дека што и да каже вашето момче, вие веќе тоа го знаете. Ништо ново, ништо интересно. Затоа престанавте и да го прашувате.

Сексот е досаден…

По напорниот ден легнувате, се соблекувате и сè е готово за само 10 минути. Страста ја нема никаде. Не постои. Сметате дека тој треба да се потруди и да преземе нешто ново за да ве задоволи како што вие сакате. Но, тоа не е точно. Во сексот влегувате двајцата, па затоа и двајцата треба да се заангажирате тој да не ви стане здодевен.

Имате време за сè…

…освен за него. Сите дреболии ви се поинтересни отколку да одвоите два-три часа за него. Такво чувство добивате затоа што додека сте со него, ве убива монотонијата, ништо интересно не се случува. Дури понекогаш се наоѓате во ситуација да седите и да не изустите ниту збор, затоа што всушност и немате што да си кажете.

Пријателките ви се поинтересни…

Со пријателките секогаш имате што да си кажете, каде да излезете и да си поминете најубаво. Со нив ви е многу поинтересно отколку да седите со момчето и да не правите ништо особено.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement