• Сподели на:

Дали имаш дечко или вистински маж

___

Ако не ти е сопруг или вереник, тогаш ти е дечко. Но, таа личност може да биде дете во вистинска смисла на зборот, без разлика колку години има. Еве како да дознаеш дали си избрала вистински маж, или можеби Петар Пан, и зошто е тоа важно.

Обрни внимание на следниве работи:

Неговиот стан или куќа

Не е важно каков намештај има, каква и колку е модерна техниката која ја користи, дали бањата му е “wow”. Важно е да нема ѓубре, остатоци од храна на сите страни, дали просторот е организиран да биде удобно место за живеење, вистински дом, да не наликува на хотелска соба во која само се преспива.

Доколку дечкото е мрзелив да го одржува просторот во кој живее среден и чист, ќе му биде тешко да се потруди и за било што друго во животот, вклучувајќи те и тебе.

Неговата работа

Не значи дека е дете во душа ако на пример продава детски играчки. Важно е да има планови за иднината, да е амбициозен, да сака да ги придвижува работите од точка А до точка Б.

Неговиот начин на забава

Дали има хоби? Дали се забавува? Треба добро да размилиш дали ти треба некој кој секој викенд се дружи со чашката, со друштвото, на забави. Дали ти треба маж кој не знае што да прави со себе, кого не го држи место, кому не му е доволно некогаш да остане дома, гледајќи филм или читајќи книга на пример.

Како се грижи за себе

Без разлика колку е пијан, уморен, болен… тој не кука и е во состојба да се грижи за себе. Тоа го може само маж, никогаш дечко.

Ако излегуваш со дечко кого треба да го носиш дома после искачање, или “да го држиш на ланец” за да не направи некоја глупост, тогаш сигурно имаш дечко.

Неговите проблеми

Кога има проблем, го решава мирно и едноставно. Сосема е ОК да те праша за мислење, да го прифати твојот совет, но важно е да се потпре на својот ум. Не ти треба дечко кој не знае како да ги решава своите проблеми, а уште помалку некој кој секогаш ќе очекува да имаш “ас во ракавот”

Неговите приоритети

Да, ти треба да бидеш на врвот на листата, но не треба да бидеш единствената важна работа во неговиот живот. Ако твојот дечко знае што очекува од животот и како тоа да го реализира, ти покрај себе имаш победник, а само најдобрите победуваат, зарем не?

Неговите одлуки

“Ќе направам сѐ што ќе посакаш”, е сосема ОК да го чуеш понекогаш, но не и да живееш со тоа правило. Мажот е доволно зрел кога има да ти понуди различни опции, а не само нови прашања.

Неговите грешки

Избери го оној кој знае да признае кога ќе погреши. И Наполеон паднал, зошто да не може и товојот дечко понекогаш? Човечки е да се згреши, на грешките се учи. Само дете под килим ги става слатките кога ќе ја скрши зделата.

Неговата љубов

“Те сакам”,  пишува дечко на Facebook, на Twitter, na #. Мажот кој вистински те сака, тоа можеби нема ни да го каже, но ќе направи сѐ тоа да ти го покаже, бидејќи ти си составен дел од неговиот живот, негова иднина, исто колку што тој е твојата.

Ти не си негов плен, она со кое што се фали во друштво, ти си личноста која го прави неговиот живот поквалитетен, не само поубав или позабавен.

 


Оставете коментар

___