Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Дали е тоа врска или само авантура?

Модерните девојки знаат колку е тешко да најдат добро момче кое навистина ќе сака да биде со нив. Еве неколку совети како да разликувате сериозно момче од оние кои сакаат само малку забава со вас
Доколку не сакате “уште еден кретен“ да ви го скрши срцето, важно е да знаете на што сте, односно дали личноста со која сте почнале врска, со вас планира нешто сериозно или е заинтересиран само за забава.
Паметните девојки знаат да читаат знаци и знаат кога треба да се повлечат од врската со “погрешниот господин“. Еве како да дознаете дали тој смета дека сте во сериозна врска или пак сте само негова минлива авантура.
ЗАБАВА
Врска: Дури и да му предложите да правите нешто ново, што не е во негов стил (лизгање, шопинг, танцување) ќе прифати, бидејќи знае дека тоа ќе ве направи посреќна и позадоволна.
Авантура: Ќе пронајде било каков изговор, само да ја избегне секоја ваша иницијатива.
КОМУНИКАЦИЈА
Врска: Тој лајкува скоро се што постирате на FB, праќа пораки, ви се јавува, ве прати на Instagram.
Авантура: Никогаш нема да ве додаде на фејсбук, понекогаш ќе ви прати SMS, но скоро никогаш не ве бара на тел.
ПОЧИТУВАЊЕ
Врска: Се гледате често, кај вас или кај него или пак, некаде надвор. Не ве крие од светот. Притоа, алкохолот многу ретко или воопшто не е составен дел од вашите состаноци.
Авантура: Сабота, два часот по полноќ, добивате негова порака со содржина “Што има ново?“…и се подразбира дека секое ваше заедничко дружење ќе биде пропратено со многу алкохол.
РОМАНТИКА
Врска: Кога сте заедно, се држите за рака, се мазите и гушкате. Бакнежите и водењето љубов се само составен дел од целата приказна.
Авантура: Вашите состаноци се сведени на страствени бакнежи кои неизбежно водат кон секс. Пред, и потоа, ништо.

ТРУД

Врска: Тој ги знае сите имиња на вашите најблиски, најдобри другарки, домашни миленици. Знае какво кафе пиете, кој ви е омилен филм, ресторан…
Авантура: Тој го знае само вашиот омилен пијалок и ништо повеќе.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement