Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

5 грешки кои што ја уништуваат секоја љубовна врска

Врската која што започнала изненадувачки убаво и нежно сепак не траела долго. Тажни сте и размислувате каде сте погрешиле.

Еве неколку совети каде може да биде тоа… 1. Преправање дека се е во ред а не е.
Ја знаете онаа ситуација кога се љутите и сте повредени, тој ве прашува што ви е а вие само тивко одговарате ништо се е во ред? Очекувате од него да ви ги чита мислите а машките тоа не го можат.
Ако нешто не е во ред, морате тоа да го кажете јасно и гласно.

2. Критикување

Никој не сака критика, посебно ако таа работа се повторува секој ден. Луѓето можат повеќе да се мотивираат со пофалби и со признанија. Подобро е вашиот партнер да го пофалите кога ќе направи нешто добро, отколку константно да го критикувате кога ќе направи нешто што не ви се допаѓа.

3. Нејасна комуникација

Многу од девојките очекуваат нивниот партнер да ги погодува нивните желби и потреби.
Комуникацијата во врската е најважна работа. Јасен и отворен разговор е потреба партнерите да сознаат што сакаат, каде настанале проблеми и како да ги решат. Отворените разговори поврзуваат и ствараат блискост.

4. Делење на интимност

Иако сте во врска вие сте сепак две особи и секој треба да ја задржи својатга приватност до некоја прифатлива мера.
Не мора на партнерот да му ги откривате сите детаљи од поранешните врски. Тоа не се информации кои што ќе помогнат за развој на вашата врска.

5. Искористување на неговите слабости

Квалитетите на машките треба да ги пофалите, меѓутоа за неговите слабости треба да имате рабирање и почитување. Бидете човек кој што ќе му помогне кога е во проблеми. Ако нешто ви признае, на пример дека има некој проблем на работа, тоа е затоа што тој ви верува. Немојте тоа подоцна да го искористувате против него затоа што подоцна никогаш нема да ви се доверува.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement