Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

3 грешки кои ги правите кога барате љубов

Пронаоѓањето на животен партнер е всушност најголемата одлука која некогаш ќе треба да ја донесете и влијае на секој аспект од вашиот живот, па не пристапувајте безгрижно кога e во прашање пронаоѓањето на сродна душа.

Сигурно и вие се состанувате со совршено добри мажи кои сакаат посветена врска, а сепак не ги третирате како да се нешто посебно и како да ги има во изобилство онаму од каде што дошле. Ги повторувате истите грешки, ги добивате истите резултати и комплетно ја негирате неправилноста на вашето однесување. Се однесувате како адолесценти и не се грижите за последиците.

Како да престанете да ги саботирате состаноците и да и го дадете на љубовта значењето кое го заслужува?

Еве ги трите најчести грешки што ги правите:

Ги кршите совите правила

Колку пати досега сте биле премислена на состанок и сте биле убедена да скршите некое од сопствените правила? Најчесто за сексот, сигурно сте го забрзале датумот кога да имате секс или сте имале пред да ја официјализирате врската. Како неискусно девојче ве импресионирал маж, па сте имале секс со него иако знаете дека тој има секс и со други жени или пак сте биле со некој кој речиси ништо не ви значи.

Кршењето на ова правило ретко носи нешто добро.

Еве уште неколку правила што ги кршите:

  • Го бркате наместо да бидете стрплива.
  • Му посветувате повеќе внимание од што ви посветува тој вам.
  • Се губите себеси и ги неговите потреби ги правите поважни од своите.

Не го поправате она што не е во ред

Го сакаме она што ни е познато, имаме комфорна зона која тешко ја напуштаме освен ако не сме навистина истуркани.

Драматичните животни искуства како болест или сообраќајна несреќа ќе ве натераат да направите нови и смели избори. Но кога животот си тече по вообичаениот тек, станувате мрзеливи и го избегнувате правењето на промените кои ви се потребни за да бидете поуспешни кај мажите.

Еден ваков пример е „правењето бранови во врската“, каде наместо да се заземете за себе што може да биде вистински предизвик, вие одите со текот само за да го зачувате мирот. Или пак ако сте навикнати да држите кренат штит од мажите, тешко дека ќе се прикажете како ранлива пред некој од нив и ќе му дозволите да пристапи. Останувате таква каква што сте од стравот од промената која треба да ја направите.

Не се справувате со својата потсвесна саботажа

Сите имаме потсвесна саботажа: јадеме премногу, купуваме работи што не ни требаат и ги туркаме добрите момци на страна од нас. Сепак тоа е нешто што можете да го промените во мигот кога ќе станете свесни за истото. На пример ако потсвесно размислувате дека немате доволно самодоверба тешко ќе ги поставите границите во врската.

Треба да размислите која мисла од вашата потсвест ве повредува и да ја неутрализирате.

Барањето на љубов е сериозна работа и ако навистина сакате да ја пронајдете фатете го бикот за рогови и поправете ги овие 3 грешки.

Ќе ви биде потребна храброст, но кога ќе го пронајдете со овие 3 ќе знаете што точно да сторите за да го задржите

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement