Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Три чекори до совршени стапала: Подгответе ги вашите нозе за отворени чевли

Топлото време пристигна, а со него и отворените чевли во кои стапалата мора да изгледаат совршено. Со помош на неколку трикови, подгответе ги своите стапала за покажување….

Купка за вашите стапала

Направете сами купка за стапалата. Се што ви треба е топла вода, морска сол и неколку капки есенцијално масло по ваш избор. Сето тоа помешајте го потопете ги вашите стапала. Исто така, за стапалата е многу добар и чај од камилица, па можете и него да го додадете во водата. Во топла купка држете ги стапалата околу половина час, а потоа со турпија отстранете ја тврдата кора од стапалата. Сега се спремни за маска и крема.

Ефикасна маска за стапала

Јогурт и сок од лимон се совршена комбинација за убави стапала. Откако ги опуштивте стапалата во купка, намачкајте ги со маска од јогурт и неколку капки лимонов сок и оставете го да делува 20 до 30 минути, а потоа исплакнете ги со млака вода.

Хидратација

Битно е секојдневно на стапалата да нанесувате хидратантна крема. Доколку имате изразено сува кожа на стапалата најдобро е да ги намачката со вазелин и веднаш да облечете памучни чорапи. Следниот ден вашите стапала ќе ви бидат меки.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement