Луда ноќ во диско, ручек со неговите родители, деловна вечера… Биди подготвена. Дури и нијансата на лакот за нокти што ќе го одбереш може да испрати силна порака.
Храбри бои
Црвени усни и црвени нокти – знак дека личноста е сигурна во себе и сака да биде центар на внимание. Колку се посмели боите, толку е похрабра и девојката. Таа знае што сака и не се срами да го признае тоа.
Предизвикувачки и блескаво розеви нокти
Ова зборува дека сакаш добра забава и постојано се трудиш да си го разубавиш животот со смеа и весели моменти. Во потрага си по задоволство и романса, макар и да е тоа краткотрајно. Знаеш точно што треба да направиш и да кажеш за да го добиеш тоа што го сакаш.
Сјајно црвени нокти
Ти си класично романтична душа. Ако партнерот ги направи сите вистински потези, ќе му бидеш верна и бесусловно ќе го сакаш. Веруваш во љубов по заслуга, па кога вистинскиот човек ќе ја заслужи твојата, нема да зажали за тоа.
Дискретни или природни тонови
Ти си природна и нежна. Немаш агресивен карактер и ги оставаш работите да се одвиваат по својот природен тек.
Весели бои
Ти си забавна и сакаш слобода. Не е потребно два пати да ти се каже, на првиот знак веќе си подготвена да ја прескокнеш вечерата за да скокаш банџи или со падобран.
Многу долги нокти
Ти си храбра девојка. Исто како и жените кои користат смели бои, долгите нокти се храбар потег. Овие девојки не се плашат да го кажат своето мислење.

You must be logged in to post a comment Login