Ќе ви претставиме неколку кратки совети кои ќе ви помогнат во изборот на бои. Запомнете бојата на очите ја одредува бојата на сенката за очи, а не големата љубов кон некоја боја.
Совет бр. 1: Не користете бои слични на бојата на вашите очи. Кога комбинирате две слични бои само го губите сјајот на очите и нивната форма. Секогаш избирајте контрастни бои. Ако имате темни очи користете бела, сина, виолетова, зелена боја… Ако имате светли очи користете кафеава, бронзена боја…
Совет бр. 2: За да се ослободите од темните делови околу очите, розевите линии кои постојано ви прават проблем при шминкање, со чиста четка нанесете сенка која ќе ги избели и ќе ги прикрие.
Совет бр. 3: Во текот на денот користете кафеава маскара која нема да изгледа многу драматично, а црната секогаш користете ја за ноќните излегувања. Доколку работата или вашиот карактер не ви дозволуваат да ставате маскара, тогаш користете безбојна маскара која само ќе ги обликува и потенцира вашите трепки. Никој нема да забележи дека тоа не е нивната природна форма.

You must be logged in to post a comment Login