Тенките, кревки и кршливи нокти може да бидат голем проблем, а колку ви се суви ноктите толку полесно пукаат. Но постојат неколку начини кои може да ви помогнат да го решите овој проблем.
Продукти кои ќе ви помогнат да ви се зацврстат ноктите се блитва, пилешко, морски плодови, јајца и грав.
Третмани за кревки нокти
За кревките нокти покрај исхраната која може да ви помогне, постојат и природни третмани. И што е најдобро, се работи за продукти кои веќе со сигурност ги имате во вашиот дом.
Сок од лимон и маслиново масло
Оваа комбинација е одличен третман за суви и кршливи нокти. Измешајте лажичка сок од лимон и лажичка маслиново масло. Пред спиење од оваа хранлива мешавина нанесете на секој нокот и притоа добро масирајте, а на крај ставете ракавици за маникир и оставете ги цела ноќ.
Третман со морска сол
Помешајте две лажички морска сол, 2 капки сок од лимон, 2 капки етерично масло од темјан. Смесата ставете ја во мал сад со топла вода и во неа потопете ги ноктите 15 минути.

You must be logged in to post a comment Login