Секогаш кога ќе дојде сезоната есен/зима, боите кои се во тренд некако стануваат сиви, темно сини, темни во сите нијанси. Веќе пишувавме за трендовските бои за оваа есен, а шарките се исто така актуелни, но ненаметливи. Магнетик лаковите за нокти се интересен начин да се направат шарки по ноктите. Ги има од повеќе брендови Loreal (Loreal Star Magnet), Essence (Metalics), Lancome, Alessandro, LCN,… Kај сите овие лакови некате до шишенцето има магнет кои со приближување кон површината на свежо намачканиот лак помогнува да се нарават итересни шари по ноктите. Еве каков е ефектот:

Интересно е што воопшто не морате да купувате ваков лак (кој е секако поскап од другите) зошто можете сами да го направите, а при тоа и сами да си ги бирате нијансите и распоредот на шарките.
Eве што ви треба:
1. Лак за нокти по ваш избор
2. Mагнет (може и оној од фрижидерот)
3. Чинија за мешање
4. Дрвено или пластично стапче
5. Четче (како она за ликовно)
6. Железна прашина (ист оној кој се користи во училиштата, го има во книжари)

Најпрвин турите малку лак во чинијата, а потоа брзо додајте и малку од железната прашина за лакот да не се згусне.

Соодносот на количината на лак и метал е ваш избор, иако би требало да е скоро со иста густина за лакот добро да се мачка. На следнава слика е прикажан скоро оптималниот сооднос.

Најважниот дел – апликација. Измешаниот магнетик лак треба да се намачка вешто, а потоа веднаш да се земе магнетот и брзо да се принесе кон површината на ноктот додека лакот уште не се исушил. Внимавајте со магнетот да не ја допете свежо намачканата површина.

На крајот се се премачкува со безбоен лак за да се израмна површината и да се фиксира.



You must be logged in to post a comment Login