Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да го извадите најдоброто од кафената боја за коса

Ќе бидете прекрасна “природна” бринета, доколку за вас важат две од подолу наведените 3 точки:

 

Вашата природна боја на коса е светло кафена.

Не сакате да се оптеретувате со постојани третмани за коса.

Косата ви е оштетена и без сјај.

 

Искомбинирајте повеќе тонови на кафена боја за коса, согласно со формата на косата.

Доколку формата на коса ви е во полна должина, а сакате да ја истакнете чоколадната боја, тогаш користете само една боја, не експериментирајте со прамени во посветли тонови. Ако косата ви е кратка или пак слоевита, бојадисајте ги врвовите за една нијанса посветли, за да ја истакнете формата на косата.

 

Одете во екстреми

Најмаркантните бринети денес, или ја бојадисуваат косата многу темна кафена или пак особено светла. Не бирајте средина во тоновите – не изгледа шик.

 

Бојадисување дома?

Не секогаш. Најголемата грешка што може да ја направите е да ја бојадисате косата портокалова наместо кафена, а ова најчесто се случува кога бирате боја која е премногу топла. Доколку сакате да ја бојадисате косата во златно-кафена, тогаш купете две бои, и тоа: златно-кафена и неутрална кафена. Измешајте ги двете, и нанесете ја комбинацијата од овие две бои.

 

Избегнувајте лак за коса

Ништо не и го одзема сјајот на косата повеќе од лакот за коса. Доколку ви е неопходен, тогаш изберете лак за коса без алкохол и нанесете серум за сјај на косата.


Внимавајте на црната боја.

Доколку сакате да ја бојадисате косата во темна кафена, и тоа потемна од темна чоколадна боја, тогаш посетете фризер. Доколку случајно ја бојадисате во сино-црна, ќе се соочите со проблем да ја вратите вашата боја на коса пред бојадисување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement