Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како да бидете најубавата црвенокоса.

Црвената боја на коса ви одговата доколку за вас важат две од подолу наведените 3 точки:

 

Бојата на вашата кожа е розеникава.

Вие сте особено самоуверена.

Косата ви е во одлична кондиција.

Не ја мијте често косата.

Идеално, ова би значело, мијте ја косата двапати неделно, сепак секојдневно косата е изложена на надворепно влијанија, па таа станува мрсна. Затоа, во алтернативните денови (кога по правило не би требало да ја миете косата), можете да ја миете косата со млака вода (никако топла), или пак нанесете сув шампон на корените, со што вашата коса ќе изгледа како тукушто да сте излегле од салон.

 

Не користете абразивни шампони.

Најчесто, третманите за отстранување на перутот се несоодветни за бојадисаните коси. Но, за бојадисаната црвена коса тие се смрт, затоа што го забрзуваат процесот на бледеење (паѓање на бојата на косата).

 

Заштитете ја бојата.

Црвената боја на коса оксидира побрзо од другите. Затоа, ако вашето секојдневие наложува повеќе да сте надвор, користете прозиводи кои содржат УВ филтри –  или пак покривајте ја косата со шапки и марами.

 

Нека не ве мамат тоновите на модар патлиџан.

Лила-црвенокосите не изгледаат природно, а бојата не е комплиментирачка за девојките. Изберете боја која може да се нарече бакарна, црвенкаво кафена или јагодеста.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement