Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Дита фон Тиз советува како да бидете секси во текот на целиот ден

Ако некој знае за сексапилот, тоа е сигурно Дита фон Тиз. Уште од најраното детство таа чепкала по фиоките со долна облека на мајка си, а веќе со 15 години почнала да работи во продавница за долна облека. Прво нешто што купила од заработените пари се сини свилени “Tifani” подвезици.

dita-fon-tiz2-490x735

Дита фон Тиз со причина го носи надимакот “кралица на бурлеските”. За читателите на “Харпер Базар”, таа ги откри нејзините трикови со кои се чувствува секси во текот на целиот ден.

Имајте барем еден омилен производ за убавина со себе!

“Кај мене тоа е црвениот кармин. Не одам никаде без него и лесно го нанесувам. Користам мат црвен кармин кој е отпорен на бакнување и храна”, вели кралицата на бурлеските.

Светлина – секогаш и насекаде

“Секоја просторија во мојот дом мора да има добро осветлување. Се чувствувам многу непријатно таму каде што нема добра светлина. Во ссекоја просторија имам дури и дополнително осветлување доколку е потребно, како во бањата и просторијата за облекување. Притоа, обожавам розеви  ѕидови, затоа во мојот дом има многу малку ѕидови во бела боја. Розевата е многу благодарна боја”, објаснува Дита.

dita-fon-tiz-490x737

Научете како да се фотографирате

“Заведувањето е најдобро кога е спонтано. Кога тој верува дека сте вие таква личност. Доколку посебно се подготвувате, од тоа нема да испадне ништо и ќе ја промашите целта. Треба да се опуштите и да уживате во она што го носите на себе. Кога заведувањето е природно, мажите паѓаат како покосени”, вели кралицата на заведувањето.

Униформа

“Јас знам што е секси на мене. Многу често носам деколте во комбинација со долги ракави. Сакам и црни, кожни, долги ракавици и црни подвезици. Здолниште под колена и Луботин чевли се полн погодок”, вели за крај Дита.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement