Многу од нас посакуваат полни усни како, да речеме, Скарлет Јохансон, но сепак тоа не е само во гените. Наместо да одберете вбризгувања на состојки за пополнување на усните, еве неколку мали совети за поголеми усни:
1. Пилинг
За да добиете ефект на полни усни во неколку секунди, искористете ја вашата влажна четка за заби или сув пешкир за да го отстраните мртвиот слој од усните. Ова привремено ќе ги зголеми вашите усни, а притоа ќе бидат неодоливо меки.
2. Користете моливче за усни
Мејк-ап артистите советуваат користење на моливче за усни за да креирате изглед на поголеми усни. Со моливче во боја слична на вашиот кармин, може нежно да ја пречекорите линијата на усните, и не заборавајте да го пополните остатокот од усните со моливчето.
3. Пронајдете ја вашата соодветна боја
Користете нијанси кои се блиску до нијансата на вашите усни. Меѓутоа, никако не ја пречекорувајте линијата на усните со смели бои.
4. Користете мат нијанси
Мат нијансите се подобри за креирање на изглед на полни усни. Но, ако сте љубител на сјајните кармини, осигурајте се да го концентрирате сјајот само на средината на вашие усни.



You must be logged in to post a comment Login