Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Селена Гомез открива со какви психички растројства се бори!

Покрај тоа што веќе е познато во јавноста дека боледува од автоимуна болест Лупус, Селена Гомез открива дека страда и од друга сериозна и неизлечива болест.

Пејачката преку разговор во живо на Инстаграм со својата колешка Мајли Сајрус откри дека и е дијагностицирано биполарно растројство. Таа објаснува како неодамна била прегледана во болница во Бостон, каде е потврдено дека страда од оваа состојба.

„Јас сум од Тексас, каде не е толку популарно да се зборува за менталното здравје. Тука секогаш треба да изгледате кул, па затоа и често се случува кај младите и тинејџерите да се акумулира бесот, бидејќи не знаат како да ги изразуваат чувствата “, вели таа.

Селена исто така додава дека целиот страв што го чувствува за проблемите поврзани со нарушувањето исчезнале во моментот кога решила да открие за што станува збор и да дознае сè што е поврзано со оваа состојба, што имало значително влијание врз нејзиниот живот.

На Селена претходно и беше дијагностициран лупус и таа веќе јавно зборуваше за сериозните пропратни ефекти на болеста – во форма на анксиозност, напади на паника и депресија, со која младата пејачка се соочувала.

Прочитај