Си седам јас ете веќе трета или четврта Недела навечер, очекувајќи да слушнам и видам талент на МТВ. Впрочем, емисија за таленти, башка свири оркестар за почит, а сиромашките ни кандидати, како да ги ,,прошол,, осиромашен ураниум. Без глас, стас, душа и се што е иоле малку од малку е потребно, за да не ни го гнасат етерот. Македонија, како докажана земја со невидени музички таленти, доживеа да преживува, антиталент шоу, на кое најадекватно ќе му беше името: Погоди ја песната! Песна има, неартикулирана.. жирија како од нафталин извадени недокажани музички стажанти и статисти.. или со еден збор: Брука!
Жално ни звучат и изгледаат антиталентите качени на за МТВ ите каква добра сцена ,поддржани од ите како добар оркестар.
Единствено музички надарени , се професорките кои како беквокали, мака мачат да ги извадат од ,,гомна,, сиротите ни ,,пејачи,,! И се така во круг секоја Недела!
Па ќе дрк… на вчера испилени пејачки и пејачи на Х Фактор, кој да бидам искрен, ни маааалку не ги задоволуваат критериумите , барем не нашите ни, веќе докажани музички. Го имавме Тоше, ја имаме Каролина, Калиопи … Наум.. малку од малку да ни го белат ,,талентираниот,, ни музички облак!
За талентирани пејачи ни требаат и талентирани музичари, композитори… Ние ако се свртиме назад, а и пробаме да бидеме самокритични, не успеваме да скоцкаме ни 3 минути аранжамн за тркање на белосветски Евровизии. Брука!
И да не претерувам со многу текст, за да не си ја донервирувам душичката. Имам предлог: Да почне и државата сериозно да се занимава со оваа проблематика! Под итно! Да се створат услови, да се почне од нула и да си го вратиме стариот имиџ, кој со генерации ни го чуваа нашите докажани и музички наобразувани светци на нашата ни со мака докажана парола: Низ Македонија не пробувај ни да пееш, ни да играш.. Беа тоа времиња..

You must be logged in to post a comment Login