Иако комотно може да се каже дека ова е чудна комбинација, сепак и официјално е потврдена директно од Duran Duran дека на својот нов албум ќе ја појачаат својата креативна сила со John Frusciante.
На 23 Април објавија прес релис во кој ја објавиле веста и возбудата од соработка со волшебникот на гитара.
Краток брифинг од нивната официјална објава:
Ја чувавме веста надевајќи се да дадеме комплетирани детали за новиот албум, но сепак веста брзајќи пред нас не стигна неподготвени, па сакаме да потврдиме…
Да вистина е, суперталентираниот John Frusciante ќе соработува со нас на нашиот нов албум. Веќе сме задоволни од резултатот на соработката. Големи фанови сме на работата на Џон и сме почестени што ќе додаде дел од неговата магија на нашиот албум! За сега немаме конкретни планови за турнеја и дека Џон ќе не придружува, но неговата гитара звучи неверојатно добро на снимките.
Се надеваме дека ќе имаме новости наскоро.
Simon, John, Nick & Roger

You must be logged in to post a comment Login