Британецот Хенри Кавил влегува на голема врата во Холивуд со улогата на современиот суперхерој Супермен во мрачниот филм на Зак Снајдер именуван како “Човекот од челик“.
Филмот е приказна за почетоците на Супермен и неговото алтерего Кларк Кент кој во 1938 за прв пат се појави во стрипот на Џо Шустер и Џери Сигел.
Снајдеровата приказна почнува со раѓањето на Супермен на планетата Криптон и одлуката на неговите родители да го спасат и да го испратат на Земјата како би го скриле од генералот Зод кој го толкува Малкл Шенон.
httpv://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OAVuKPFKrNo

You must be logged in to post a comment Login