Минатата година најголем успех достигна пејачката Адел, благодарение на нејзиниот албум „25“, кој за рекордно време се искачи на врвот на листите со продадени 7 милиони копии.
Но дали овој рекорд ќе биде урнат годинава, допрва ќе дознаеме. Дотогаш да ги погледнеме албумите кои треба да излезат во 2016-та година.
Лејди Гага

Преку цела година Гага работеше на нејзиниот албум, со цел да го постигне она што го наумила. Досегашните композитори со кои соработувала до сега, изјавија дека Гага спрема диско албум.
Бритни Спирс

Токму поради тоа што на почетокот на годината го слушнавме хитот Pretty Girls на Бритни и Иги Азалеа, сите помисливе дека на повидок е нов албум. Сепак, Бритни се уште не излезе со некоја објава за истиот, па затоа може ќе го дочекаме во 2016 година.
Бијонсе

Сите се сеќаваме кога во декември месец во 2014 година, Бијонсе преку ноќ објави песни и спотови за истите и каков бум ни подготви. Затоа целата следна година одмараше, па се надеваме дека токму во 2016 повторно ќе не изненади со интересни песни.
Зајн Малик

Откако излезе од групата One Direction, Зајн остана популарен. Оттогаш тој објави една песна „Befour“ која очигледно е дека е за статусот со него и момците од неговиот поранешен бенд. Оваа година, очекуваме да објави нов албум.
Ријана: ANTI

Мислевме дека Ријана токму во 2015 година ќе објави нов албум, но се уште нема никаков знак за тоа, освен трите нови песни. Сепак, таа го објави насловот на албумот – ANTI.
Сиа: This is acting

Сиа важи за една од најпознатите текстописци во 21 век, кој пишува песни за многу познати изведувачи. Сепак, има и такви кои и ги одбиваат нејзините песни, па затоа најновиот албум ќе се состои токму од тие песни, кои најпрво биле напишани за Ријана, Аделе, Бијонсе.
Каније Вест: Swish

Каније се подготвуваше да го објави својот нов албум во 2015 година, но со доаѓањето на свет на неговото новороденче и фестивалските обврски, тоа се одложи. Најверојатно албумот ќе се објави во 2016 година.

You must be logged in to post a comment Login