Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Браво за Џенифер: Како актерката изненади медицинска сестра која страда од корона вирусот! (ВИДЕО)

Џенифер Анистон се вклучи во видео разговор и сите не остави без зборови.

Кимбел Фербенкс, медицинска сестра која заболела од корона вирус и во моментов во изолација, била гостинка кај Џими Кимел, во домашното издание на ова познато шоу, не знаејќи за вклучувањето на Џенифер Анистон.

Гостувајќи преку видео повик, Кимбел изјавила дека не е сигурна точно како е заразена, но дека верува оти тоа се случило во болницата каде што работи, но додава дека нејзината самоизолација е тешка затоа што е одвоена од нејзиниот син (4) и ќерка која има само 18 месеци.

Се чувствува подобро и кажано и е дека на 8 април ќе може да ги види своите деца.

За малку да ја развесели, Кимел и приреди кул изненадување и во разговорот онлајн ја претстави ѕвездата на серијата „Пријатели“.

Кимбел беше без зборови, а актерката ја искористи можноста да и се заблагодари на неа и на сите даватели на здравствени услуги што се моментално во Соединетите Држави за тешката битка со вирусот Ковид19.

„Немам зборови за да изразам благодарност за сите вас кои правите се за нас и со тоа ги ризикувате вашето здравје и вашите животи“, додаде Џенифер.

Погледнетe го видеото

Прочитај