Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Стравот ја парализирал, не се осмелувала да излезе од дома: Ким Бесинџер проговори за нарушувањето кое ѝ го сруши целиот свет

Поранешната девојка на Бонд ги изненади обожавателите со стари фотографии на кои изгледа речиси непрепознатливо.

Актерката Ким Бесинџер (72) сподели спомен од снимањето за списание во 2014 година за време на викендот, каде што позира во елегантни комбинации среде пустина, со руса коса што ѝ се спушта по грбот.

„Сакав да избегам за викендот, па се вратив на едно старо сеќавање низ жешката пустина каде што јасно можев да ги слушнам свадбените ѕвона…“ напиша таа во описот, додавајќи дека тоа било „вистинско магично искуство“ за неа.

Обожавателите и пријателите ја обсипуваа со комплименти, нарекувајќи ја „божествена“ и „вистинска муза на модата и филмот“.

Меѓу оние што реагираа беше и Хилари Болдвин, сопругата на актерот Алек Болдвин, која остави емотикони во знак на поддршка.

Ким беше во брак со Алек Болдвин од 1993 до 2002 година, а заедно имаат ќерка, Ирланд Болдвин, родена во 1995 година. По бурна разводна битка и старателство, нивниот однос беше затегнат со години.

Сепак, денес тие имаат фер однос.

„Алек и јас имаме одличен однос. Го почитувам местото каде што е тој денес и неговото семејство“, рече Ким во едно интервју во 2025 година, додавајќи дека иако не се гледаат често, тие разговараат редовно.

Актерката се повлече од јавноста неколку години поради сериозни здравствени проблеми.

Таа страдаше од агорафобија, што ја спречуваше да излегува од дома. Се присети на момент кога доживеала напад на паника во продавница, по што не можела да вози ниту да функционира нормално со месеци.

„Како нешто во тебе целосно да се исклучува и мораш сè да научиш одново“, објасни таа, додавајќи дека постојано се чувствувала исцрпено и исплашено.

За среќа, таа имала огромна подршка од нејзината ќерка Ирланд, која ѝ помогнала постепено да се врати во нормалниот живот и да излезе од изолација.

Прочитај

____celebrity

Далеку од рефлекторите. Реткото заедничко појавување на Џулија Робертс и нејзиниот сопруг Дени Модер повторно привлече големо внимание и покажа колку е силна нивната...

Green Tea

Утринските навики имаат исклучително силно влијание врз процесот на губење на тежината, бидејќи првите часови од денот во голема мера го одредуваат ритамот и...

____celebrity

Актерката Оливија Вајлд (42) неодамна се појави на церемонијата на доделување награди во Лос Анџелес во облека која веднаш предизвика гласини за употреба на...

Green Tea

Губењето тежина е процес што бара трпение, дисциплина и доследност. Сепак, многу луѓе се соочуваат со фрустрација кога резултатите не се моментални и вагата,...

Advertisement