Изборот на новиот Бонд предизвика голем интерес, а сега сите погледи се вперени кон актерките кои би можеле да станат дел од познатата филмска франшиза.
Штом беше потврдено дека Роберт Патинсон ќе биде новиот Џејмс Бонд, се појави уште едно прашање – она што отсекогаш ги заинтригирало љубителите на филмовите за агентот 007: која актерка ќе глуми покрај него? Американското списание „Варајети“ (Variety) состави листа од 19 истакнати актерки кои би можеле да ја добијат улогата, меѓу кои се Зендаја, Маргот Роби, Сидни Свини и Флоренс Пју.
Изборот на актери за новиот Бонд предизвика голем интерес, а сега сите погледи се вперени кон актерките кои би можеле да ѝ се придружат на оваа култна филмска франшиза. Иако официјална одлука сè уште не е донесена, одредени имиња веќе привлекуваат посебно внимание.
Зендаја има голема предност
Меѓу најсериозните кандидати е Зендаја, која претходно соработувала со Патинсон на филмовите „Драмата“ (The Drama) и „Одисеја“ (The Odyssey), а ќе се појави покрај него и во третиот дел од серијалот „Дина“ (Dune).
Покрај претходното заедничко искуство пред камерите, Зендаја соработувала и со режисерот Дени Вилнев, кој ќе го режира новиот филм за Бонд.
„Варајети“ ја замислува во улога на мистериозен оперативен агент на британското разузнавање – жена чија вистинска лојалност, односно тоа дали му е сојузник или непријател на Бонд, останува нејасна сè до самиот крај.
Маргот Роби и Сидни Свини се меѓу фаворитите
На листата се наоѓа и Маргот Роби, која ја воодушеви публиката во филмот „Барби“. Нејзината способност да толкува крајно различни ликови би можела да биде значајна предност; во светот на Џејмс Бонд, таа би можела да одигра улога на елегантна, но опасна жена од високото општество.
Меѓу споменатите е и Сидни Свини, најпозната по серијата „Еуфорија“ (Euphoria). За филмот „Кристи“ (Christy), во кој игра боксерка, таа поминала низ интензивни физички подготовки, што значи дека би била одлично подготвена за акционите сцени.
Флоренс Пју и Ања Тејлор-Џој веќе имаат искуство со акциони улоги.
Флоренс Пју е позната по улогата на Јелена Белова во филмовите на „Марвел“, каде што покажа дека напорните акциони сцени не ѝ се непознати. Таа, исто така, ќе глуми покрај Патинсон во третиот дел од „Дина“. На листата се наоѓа и Ања Тејлор-Џој, која во филмот „Фуриоза“ покажа колку успешно може да изнесе улога што бара голем физички напор.
Двете актерки би можеле да донесат свеж пристап кон архетипот на „Бондова девојка“, која веќе не мора да биде само романтична партнерка на главниот лик.
На листата се наоѓаат и истакнати актерки, добитнички на Оскар.
Меѓу нив се и Емили Блант, Марион Котијар и Лупита Нјонго.
Емили Блант претходно соработуваше со Вилнев на филмот „Сикарио“, додека Марион Котијар би можела да внесе дополнителна доза мистерија и богато искуство во франшизата.
Лупита Нјонго, која публиката ја памети по улогата во „Црниот пантер“, исто така има искуство со акциски улоги.
“Variety” ги издвои и Адрија Архона, Џема Чан, Лили Џејмс, Гугу Мбата-Ро, Изабела Мерсед, Инде Наварет, Чејс Инфинити, Маргарет Кволи, Ана Саваи, Хантер Шафер и Софи Тарнер.
Која од нив ќе внесе нова енергија во светот на Бонд?
Режисер на новиот филм за агентот 007 ќе биде Дени Вилнев, познат по своите остварувања „Дина“, „Пристигнување“ и „Блејд ранер 2049“. Сценариото го потпишува Стивен Најт, креаторот на популарната серија “Peaky Blinders“, додека продуценти се Ејми Паскал и Дејвид Хејман.
Во текот на изминатите децении, улогите на „Бондови девојки“ ги толкуваа бројни славни актерки, меѓу кои Урсула Андрес, Ева Грин, Мишел Јео и Леа Седу.
Некои од нив беа романтични интереси на Бонд, други негови непријателки, а некои се покажаа како рамноправни партнерки на славниот агент.
Останува да се види која од 19-те споменати актерки ќе добие можност да заигра покрај Роберт Патинсон.
