Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Зендаја во Њујорк во фустан за кој беа потребни 8.000 часа за да се изработи: Спектакуларен стил за кој ќе се зборува долго време

Актерката Зендаја облече „нешто сино“ од колекцијата пролет 2026 на “Скијапарели” и блескаше во фустан-корсет со сини и црни пердуви.

Зендаја и нејзиниот колега Роберт Патинсон моментално го промовираат својот нов филм „Драма“ низ целиот свет, а актерката создаде фантастична кампања со стилистот Лу Роуч, која ја претставува на премиерите.

Секое модно издание носи симболика од позајмената стара англиска традиција во која невестата треба да носи „нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино“ на својата свадба.

Откако ги штиклира сите ставки на листата досега, Зендаја остана да се појави на премиерата во Њујорк во „нешто сино“, што и го направи синоќа.

Фустан без прерамки од колекцијата на “Скијапарели” за пролет 2026 ги воодушеви сите присутни.

Скулптуралниот дизајн содржеше црни и сини пердуви од глава до пети. Горниот дел беше тесен, додека долниот дел се состоеше од повеќеслојна здолниште со црна кринолина и тул, што придонесе за гламурозниот стил.

Според веб-страницата на брендот, фустанот бил изработен 8.000 часа, а можеме само да заклучиме дека целосно вредел бидејќи оваа креација е навистина спектакуларна.

Зендаја го заокружила својот моден изглед со сини чевли чиј преден дел, со сите пердуви, наликува на „вистинска птица“.

Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ кратката коса ја исчешла и залижа наназад, а нејзината шминка исто така го следеше концептот „нешто сино“, па покрај црниот ајлајнер, на очните капаци имаше и металик тиркизна сенка за очи.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement