Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Драма во Венеција поради Џорџ Клуни: На актерот му се слошило, па итно бил однесен во хотел!

Холивудскиот заводник и легенда на големото платно Џорџ Клуни (64) ги шокирал обожавателите и новинарите во Венеција кога ненадејно му се слошило на самиот почеток на престижниот филмски фестивал.

Актерот морал да ја откаже закажаната промотивна програма за новиот филм „Џеј Кели“, а набргу потоа морал да откаже и гламурозна вечера со колегите и раководителите на Нетфликс. Сè се случило во средата, првиот ден од фестивалот, кога многумина очекувале Клуни да биде најголемата ѕвезда на вечерта.

Според „Холивуд репортер“, Клуни одеднаш се чувствувал лошо во текот на денот. Лекарите и колегите го советувале да се повлече и да се одмори бидејќи го очекува напорен ден во четврток – официјалната прес-конференција и светската премиера на филмот.

Иако изворите наведуваат дека состојбата не е алармантна, причината за неговата слабост сè уште е непозната. Фактот што Клуни ја откажал вечерата со најголемите ѕвезди е вознемирувачки.

Камерите го снимиле како го напушта хотелот „Екселсиор“ околу 16. часот и се качува на бродот што го користел за да оди во вилата на одмор. Притоа, тој пропуштил интимна вечера со режисерот Ноа Баумбах, Лора Дерн, Адам Сандлер и остатокот од екипата – вечера каде што требало да блесне како домаќин.

Иронично, само неколку часа претходно Клуни изгледал беспрекорно. Облечен во елегантен темно син костум и очила со сини рамки, тој не покажувал никакви знаци на некакви здравствени проблеми.

Да потсетиме дека само неколку дена претходно, Џорџ и неговата сопруга Амал ја угостија филмската екипа во луксузната вила на езерото Комо. Таму, во друштво на Лора Дерн, Грета Гервиг и Адам Сандлер, го прославиле доаѓањето на новиот филм со возење со моторен чамец и ручеци во ексклузивни ресторани.

А сега, целосен пресврт. Наместо гламур и шампањ, актерот го дочекал кревет и неизвесност во Венеција.

Што точно се случило со Џорџ Клуни сè уште е непознато. Неговите соработници ја уверуваат јавноста дека нема место за паника, но фактот дека тој ги пропуштил промоциите и вечерите во Венеција отвора многу прашања.

Едно е сигурно: сите очи ќе бидат вперени во него во четврток, кога треба да блесне на црвениот тепих на премиерата на филмот „Џеј Кели“.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement