Италјанската компанија Fendi, се соедини со компанијата BeatsandDre и на славната модна недела во Милано ги претстави слушалките во 7 различни бои.
Овој модерен и елегантен детаљ, изработен од кожа подеднакво ќе ве импресионира со квалитетот на звукот, кој е карактеристичен за производтелот Beats and Dre, исто така ќе ве изненади со неговиот дизајн. Колекцијата на кожни слушалки- Selleria, специфична е по тоа што има рачни испишани две букви F, што всушност го означуваат името на брендот Fendi.
Покрај синото издание од овие слушалки кое е достапно само во Fendi продавниците, сите Beats and Dre слушалки можат да се нарачаат на нивниот официјален сајт Beats, со симпатична почетна цена од 1.299 евра. Доколку слушалките сте ги нарачале on-line,тие ќе пристигнат на вашата адреса спакувани во Fendi Selleria кожна торбичка соодветна на бојата на слушалките кои сте ги нарачале.
Поседувањето и уживањето подеднакво во она што ви го нудат модниот и аудио светот е привилегија која малкумина можат да си ја дозволат.

You must be logged in to post a comment Login