Девојките со сини очи за шминкање треба да користат сенки кои ќе ја нагласат нивната прекрасна боја на очите.
Имено, сините очи се многу изразени, но поради тоа што се светли, без правилна сенка за очи нивните очи можат да останат без длабочина. За да ја постигнеме таа длабочина неопходно е за шминкање на плавите очи да користиме:
Кафени сенки за очи: Тие се спротивност на сините очи, така што тие со користење на овие сенки посебно доажаат до израз. Користете бисерни нијанси за да добиете елегантен изглед. Изберете нијанси од бакарно кафена, светло кафена до кафени варијанти на овие сенки. Како метод можете и да ja коритите smokey eyes техниката за шминкање.
Сини сенки за очи: Овие бои ќе овозможат вашите очи уште повеќе да дојдат до израз. Дозволени се апсолутно сите нијанси на сина. Ви препорачуваме морско сина за да добиете мистериозен изглед.
Сиви и црни сенки за очи: Поради тоа што сините очи се многу изразени овие сенки ќе им дадат дополнителна длабочина.

You must be logged in to post a comment Login