Credor, луксузната поделба на брендот Seiko, го претставува својот ограничен број на часовници се состои од прв турбионски механизам со Seiko потпис…
Со новиот Caliber 6830 механизам, кој се базира на претходните изданија на оваа куќа часовници, рачното навивање на овој часовник е дело на Satošija Hirage. Credor Fugaku Tourbillon Limited Edition часовникот ни претставува супериорни вештини и внимание на детали , кој потекнуваат од три мајстори од брендот Seiko.
Со фрекфенција од 21,6000 vph и резервна моќност од 37 часа, моделот на Seiko e спремен да направи бум во светот на часовниците. Дизајнот на овој часовник е многу повеќе отколку славен, со прекрасни Хокусаи гравури, и графички приказ на планината Фуџи на задната страна на часовникот.
Куќиштето на овој модел има дијаметар од 43,1 mm и дебелина од 8,8 mm, и е претставен во верзии на платина, 18-каратно бело и жолто злато, украсени со 48 сафири.Бројчаникот на овој модел може да се претстави во верзии од 18-каратно бело и жолто злато, со детали Urushi лак, мајка на бисерот yakogai. Тој е водоотпорен на длабочина од 30 метри.
Овој модел има ремен кој е направен од платина, а направен е и од кожа на алигатор. Овој модел ќе биде произведен како издание во ограничена серија од само осум парчиња, а неговата цена ќе изнесува 500.000 евра.

You must be logged in to post a comment Login