Брендот Prada го претстави својот нов парфем во неговата линија Candy…
Станува збор за Candy Kiss парфемот, кој е претставен во оваа кампања и во кој главна ѕвезда е моделот Leksli Bling. Претставувајќи се со елегантен стил на косата која е инспирирана од 60-тите години, оваа русокоса на правилен начин го евалурала духот на модерната жена во таа ера, особено заради блузата која е со кристални детали.
Кампањата беше фотографирана од Stiven Mejzel, кој претходно работел за Vogue Италија неколку пати. Сликите од оваа кампања се од ретро и шик стил.
Инаку, Prada Candy Kiss парфемот го дизајнираше Danijela Andrijer, во соработка со Мијучија Прада и нејзините креативни идеи. Мирисот е опишан како женствен и заводлив, со ноти на цвет на портокал, ванила и бел памук. Линијата Candy сега стана една од четирите мириси а овој парфем му припаѓа на семејството на мошусно ориентирани парфеми.

You must be logged in to post a comment Login