Ulysse Nardin Skeleton секогаш претставувал предмет на страст и уметнички моден додаток од што е тоа вистински часовник.Безвременскиот внатрешен изглед на комплексниот механизам го надминува претходниот часовник Royal Python Skeleton Tourbillon.
Мајсторската реинтерпретација на својот претходник , часовникот Ulysse Nardin Royal Python Skeleton, уште едно изненадување на оваа позната компанија и ја зголемува комплексноста на овој часовник на потполно ново ниво, со својот примамлив и неверојатен изглед и атрактивност.
Силиконската технологија, која во индустријата за часовници гаранатира стабилност на широк опсег на тепературата, цврстина, флексибилност, антимагнетизамот, како и ,,летечкиот ” турбилон во внатрешноста на куќиштето, се тие што го прават овој часовник комплексен примерок со силиконски ремен, сидро и главна жица кои се дел од сложениот механизам на овој часовник.
Светлоста што ја има овој часовник и го прави прозирен, како и добрата завршница на часовникот со ремени од кожа на питон, го прават овој часовник да биде вистинско ремек дело. Ulysse Nardin Skeleton ќе го претстави овој часовник само во 18 уникатни примероци, изработени со 4 каратно розово злато. Цената на часовникот сеуште не е позната.

You must be logged in to post a comment Login