Маската многу лесно се прави од состојки кои можете да ги купите во скоро секоја продавница, затоа на работа!
Состојките кои ќе ви бидат потртебни се:
– сок од морков, околу 50мл
– 1,5 лажица густин
– 1 лажица павлака
Доколку немате соковник сами да направите сок од моркови, побарајте 100 проценти природен сок од овој зеленчук во продавниците за здрава храна или во некој супермаркет.
Растворете го густинот во малку топла вода, потоа додадете 120мл зовриена вода и мешајте се додека смесата не се соедини. Потоа додадете го сокот од моркови и павлаката. Нанесете на чисто лице и оставете да делува околу 30 минути. Измијте го лицето и ставете крем.
Постапката повторувајте ја неколку дена по ред, но резултатите ќе бидат видливи веднаш.

You must be logged in to post a comment Login