Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Кокосово масло за луксузни кадрици

Секојдневно се откиваат нови бенефиции од кокосовото масло, кои стануваат се поголем хит, како во кујната, така и за грижа на телото и косата.

Кокосовото масло на собна температура изгледа како бела кашеста маса, а е полно со хранливи материи, масти и содржи антибактериски својства. Идеално е за сува, оштетена и кршлива, како и за густа и кадрава коса. Кокосовото масло ќе и даде на вашата коса сјај и волумен, и ќе го намали губењето и оштетувањето на косата.

Кокосовото масло продира длабоко во влакното на косата и на тој начин го заштитува од штетното дејство на водата и временските услови, губењето на протеини и спречува сушење на косата. Истовремено ја задржува хидратацијата на кожата и ја стимулира циркулацијата на скалпот помагајќи при проблеми со перут.

Наједноставен начин за вклучување на кокосовото масло во вашиот третман е директно да го измешате маслото во вашиот стандарден шампон.

Пред да го измешате со вашиот шампон, потребно е да го стопите кокосовото масло за да стане течност, а потоа да го сипете во шампонот и добро да го протресете. Потоа треба да продолжите со миење на косата како и обично, со еден исклучок – регераторот повеќе нема да ви биде потребен.

За почеток, мешавината нека биде во однос 1:6 кокосово масло наспроти шампон. По миење, косата не би требало да биде масна, ако се случи тоа, тогаш сменете го односот според потребите на вашата коса.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement