Ненагласената елеганција и софистицирана уметност на овој модел се смета како идеал во светот на часовниците…
Во текот на 2014 година, брендот Chopard го претстави овој часовник кој има пречник од 35 м, во мала и деликатна големина, и првенствено беше наменет за дамите, а во него куцаше срцето во форма на L.U.C 96.23-L . Овој часовник е дело на производството на Chopard, декорирано е со Fleurisanne графити, кои во денешно време речиси исчезнаа од работата на денешните уметници. Овој модел ги обединува убавината со прецизноста, и претставен е како ограничена серија од само осум парчиња.
Божурот е легендарен цвет кој во текот а времето е спомнат во многу приказни и бајки. Тој има карактеристичен мирис и изглед. Токму овој цвет се најде на часовникот Chopard, тој е украс на неговиот бројчаник, како емоцонално женствен детал, креиран по принципот Haute Horlogerie.Неговата убавина доаѓа до израз уште повеќе бидејќи околу него има рамка од злато и дијаманти како идеален проследувач на базата на часовникот направена од розево злато.
Цветот се најде како централна фигура во грчката и ориенталната митологија, се најде во многу приказни поради својот специфичен мирис. Тој доаѓа од Централна Азија, и се користи како симбол на благосостојба и добри страни. Божурот беше симбол на декор на царските палати и ги инспирираше уметниците да го толкуваат на различни начини, едни како метафора на пролетта , други како симбол на женската убавина.
Во Flurijeru, населба во регионот Јура во Швајцарија, Karl Fridrih Šojfele ја основаше својата работилница во 1996 година, која беше посветена на производство на нови механизми од колекцијата L.U.C. Haute Horlogerie , која е наречена така по Luisu Uliseu Šopardu. Во текот на изминатите дваесет години, работилницата има создадено голем број на автентични парчиња. Историскта алулка на часовници Flurijer, беше покриена со часовници кои стануваат се поретки , речиси скоро и да исчезнат. Брендот Chopard сака да го овековечи овој метод, како културно и естетско наследство. Флуријесанското гравирање е декоративна уметничка техника која е составен дел на хоролошкото наследство и како таква мора да се зачува.
Обвивката на овој часовник е направена од 18 каратно розево злато, а има пречник од 35 мм. Водоотпорно е на длабочина и до 30 метри, украсено со сафирни елементи , со отворен грб, кој ни дава увид во беспрекорната работа на неговиот механизам. Стрелките на овој часовник имаат светкав завршеток ки му додаваат на овој часовник гламур, елеганција и женственост. Ременот на овој часовник е изработен од розево платно. Цената на овој часовник сеуште останува непозната за нас, а него можете да го најдете само во продавниците на Chopard.

You must be logged in to post a comment Login