Да направете домашна крема против целулит воопшто не е тешко. И што е важно, таквата крема е многу поефикасна од купените препарати против целулит. Домашната крема против целулит, направена по овој рецепт, ќе ги покаже првите резултати веќе после 7 дена употреба. Оваа крема е идеално средство во борбата “портокаловата кора”, а исто така е ефикасна и во борбата против стрии.
Состојки:
– Било каква детска крема – 100 ml
– 5-6 таблети мумијо
– 20 капки етерично масло од портокал
– Етерично масло од цимет 3-5 капки
За припрема на домашната антицелулитна крема најдобра е детската крема, бидејки не содржи никакви штетни додатоци. Има идеален состав на масност и влага.
Таблетите мумијо многу често ги користат не само во борба против целулит, туку и кај стриите. Мумијо ја затегнува кожата, ја зголемува нејзината еластичност, правејки ја мека и свиленкаста.
Припрема на кремата е многу едноставнa
Во тегла (не помала од 150 ml) ставете 100 ml детска крема. Потоа додајте 5-6 таблети во прав мумијо и измешајте. Таблетите мумијо држете ги во фрижидер, полесно се ситнат. Додајте 20 капки етерично масло од портокал (или од цитрон) и не повеќе од 5 капки масло од цимет.
Сите состојки темелно измешајте ги, поклопете и оставете да одстојат 8-10 часа. Потоа, повторно измешајте. Вашата домашна крема е спремна за употреба. Не заборавајте да ја затворите теглата после секоја употреба на кремата.
За постигнување на најдобар резултат потребно е кремата да се истрие секојдневно во проблематичните делови на телото, со силни движења. Првите резултати ќе ги видите после 7 дена. Рок на употреба на кремата е 3 недели. Потоа направете нова.

You must be logged in to post a comment Login