Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

DAVIDOFF DOME HUMIDOR – Најдостоен од сите цигари!

 

Љубителите на добрите цигари знаат за што зборуваме. Оние кои се вистински љубители и обожаватели на добрите цигари, за нив вистинско уживање е врвна цигара. За да се заджат вашите цигари свежи , односно да не се изгуби нивниот квалитет,   мора добро да се чуваат и складираат на посебно место кое се нарекува HUMIDOR, односно место кое е специјално направено за да се задржи влажноста и квалитетот на цигарите.

Оние кои што се вистински обожаватели и вистински уживаат во добра цигара, може да се каже дека би биле среќни доколку ја поседуваат токму оваа кутија за цигари. DAVIDOFF HUMIDOR се посебна категорија во својата област. Неговиот специјален систем за одржување на влажноста до 70% има способност автоматски да ја корегира флуктуацијата на влажноста на цигарите. Имено, ако содржината на влагата се зголемува поради надворешните влијанија, посебниот контролор на влага што се наоѓа во кутијата автоматски го апсорбира нивото на влажноста и обратно, системот го детектира нивото на влажноста и ако тоа падне под идеалната вредност, автоматски го надоместува.

DAVIDOFF DOME HUMIDOR има капаитет да апсорбира 50-65 стандардни цигари е вистински симбол на наделеку познатиот производител на овие цигари. Скулпторската кутија ,рачно се изработува со часови, но секој дел е направен во Франција и и е на располагање во 8 различни изданија , а рачките на оваа кутија се позлатени.

Техничката перфекција на искривување на овие кутии е главна уметничка иновација достојна за најдобрите цигари. Цената на ваквите кутии е различна, во зависност од начинот на кој е изработена.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement