Има многу работи кои треба да ги направите пред да влезете во четвртата деценија од вашиот живот. Она што е најважно е да не губите верба во себе и да не се откажувате. Можеби ќе ви бидат потребни неколку години за да ги остварите повеќето работи на оваа листа, можеби ќе ве фати паника и ќе почувствувате замор. Но, едно е сигурно: Ќе бидете среќни што сте ја презеле контролата врз својот живот и што не сте барале изговори за своите постапки. Во продолжение прочитајте ги 7-те работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години.
- НЕ МОРА ДА ЈА САКАТЕ ПРВАТА РАБОТА
Доколку почнувате со работа и не сте баш ,,заљубени” и бидете најдобри во неа. Воодушевете го шефот, работете дополнителни задачи, бидете колегијални. Немојте да се жалите. Можеби платата нема да биде толку добра на почетокот, и се разбира тоа нема да биде работата од вашите соништа, но еден ден вашиот труд ќе се исплати и можеби благодарение на оваа работа побрзо ќе ги исполните вашите желби.
2. ПАТУВАЈТЕ САМИ
Без најдобрите пријатели, без вашиот партнер, без родителите. Обрнете внимание на деталите, независно дали се работи за проверување на багажот, читање на мапите или снаоѓање низ улиците во некој непознат град. Испробајте ги своите граници и пребродете ги своите стравови. Така ќе научите подобро да комуницирате и со себеси и со другите.
3. ДОКОЛКУ ПОСТОИ НЕШТО ШТО СИЛНО ГО ПОСАКУВАТЕ, НАПРАВЕТЕ СЕ ЗА ДА ГО ОСТВАРИТЕ
Читајте инспиративни книги кои ќе ви помогнат да сфатите како да дојдете до целта. Направете „табела на визиите“ и залепете ги на неа фотографиите од нештата што ги сакате. Се разбира, обидете се овие работи и да ги остварите. Доколку имате желба да одите на студии во странство, побарајте емотивна и финансиска поддршка од родителите или побарајте работа за сами да заработите за тие студии. Аплицирајте на универзитетите на кои сакате да студирате. Учете го јазикот кој ви е потребен за таа земја. Каква и да е вашата желба, најважно е да се осмелите и да си докажете себеси дека вие тоа го можете.
4. НАПРАВЕТЕ НЕШТО ЛУДО, СМЕШНО И НЕКАРАКТЕРИСТИЧНО
Нешто што секогаш ќе можете да го прераскажувате. најдобрите работи можете да ги направите кога нема премногу да ги анализирате вашите постапки. Опуштете се и играјте како да сте пијани, иако не сте. Патувајте 24 часа без престан, престанете да се дружите со пријателите кои лошо влијаат на вас, запејте и уживајте…Списокот е бескраен. Вашите 20-ти години треба да бидат исполнети со моменти на кои секогаш ќе се сеќавате со насмевка на лицето.
5. ПОГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СЕБЕ
Без оглед на тоа дали од шефот ќе побарате поголема плата бидејќи сметате дека го заслужувате тоа или пак ќе речете некому да не ве третира како личност без вредност, вие треба да научите да се заштитите себе си и да бидете малку поагресивни.Научете кога треба да кажете ,,ДА” и како на луѓето да им дадете до знаење дека вашето ,,НЕ” навистина значи „НЕ“.
6. НАУЧЕТЕ СЕ ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА СВОИТЕ ПАРИ
Никој не вели дека мора да бидете милионери, но обидете се да заштедите доволно пари за да можете да живеете сами. Правете белешки и водете евиденција за своите трошоци. Доколку земете кредитна картичка, водете сметка како ја користите. Обидете се да заработите и да заштедите доволно пари за да можете сами да си ги платите сметките. Тоа се ваши лични пари и секако имате право понекогаш да се почастите , но бидете одговорни во трошењето.
7. ПРОНАЈДЕТЕ ПАРТНЕР КОЈ НЕМА ДА ВЕ КОЧИ ВО НИЕДНА СМИСЛА
Вистинската љубов е онаа која ви овозможува да растете и да созревате како личност. Доколку имате среќа, таквата личност ќе ја пронајдете во 20-тите. Вашата мотивација може да биде токму вашата сродна душа, кариерата или пак вашето хоби. Доколу вашиот партнер е тој кој ве поттикнува, тогаш погрижете се тоа да биде некој кој ќе направи да бидете незаменливи и неопходни. Доколку кариерата е она што ве мотивира во животот, тогаш никогаш не би требало да се чуствувате искористени или принудени. На крај, доколку се работи за вашето хоби, тогаш потрудете се тоа да не ве одвлекува од вашите работни обврски.

You must be logged in to post a comment Login