Кога на една жена ќе и се каже дека е убава, не се мисли само на цртите на лицето и бојата на очите. Тоа е збор кој е помоќен од било кој друг атрибут со кој можеме да опишеме една дама. Тоа е збор кој многу жени ги тера на разни пластични операции и диети, атрибут на кој секоја припадничка на понежниот пол доживотно и тежи.
Убавината е многу повеќе од физички изглед, а иако не се знае јасната граница помеѓу секси и убава провокативна жена, постојат одредени работи на кои една жена ја прави поубава отколку било што друго.
1. Жената подобро ги дефинира страстите отколку изгледот – Жената која ја движат нејзините страсти, работите кои ја опкружуваат, целите во животот, е поубава од било која убавица со совршени црти на лицето. Енергијата која ја носи во себе ги привлекува мажите повеќе отколку убави усни или долги нозе.
2. Убавата жена не бара туѓо внимание, но несвесно го придобива – Привлечноста на убавата жена се огледува на тоа што таа не се труди да привлече внимание и да биде секогаш во центарот на собирот. Таа е самоуверена и скромна, што остава чувство на мистериозна дама, која со самото тоа окупира повеќе внимание отколку било каков намерен и исфорсиран гест.
3. Таа знае како да комуницира – Паметноста е секси и промислените зборови кои можат да бидат најсилен афродизијак. Жената која умее да се изразува и знае да комуницира, и покрај тоа да биде максимално природна е сонот на секој маж.
4. Независна и самостална – Жената која цврсто стои на своите нозе и на која не и е потребна потврда од други дека е вредна за внимание, примерот е кај самоуверените жени. Самодовербата е клуч на вистинска убавина. На неа и треба љубов, а не маж позади кој се сокрила.
5. Го држи јазикот за забите – Не постои ништо поинтригидно од жена која не зборува на цел глас со своите лични работи и која непотребните зборови ги задржува за себе. Мистериозноста е тајна привлечност.
6. Се грижи и за другите, а не само за себе – Има ли полошо од себичност? Убавината се крие во оние кои се грижат и за другите, дури и повеќе отколку за себе.
7. Отворена е – Убавата жена не се ограничува себе си. Таа е отворена за нови идеи, луѓе и места. Нејзината убавина се огледува во отвореноста на умот и храброста за нови предизвици.
8. Има чиста душа – Убавата жена ве привлекува со својата душа и срце, а не со сјајната коса или добриот парфем. Тоа што таа го има во себе ги тера сите да ја посакаат да ја имаат во секој момент да бидат покрај неа.
9. Го покажува своето право лице – Нема ништо полошо од препаратите за разубавување. Не значи дека е ненашминкатата жена поубава од оние со шминка, но не треба шминката да биде маска за криење. Убавата жена се шминка поради себе, не се срами да излезе без шминка и не смета дека шминката е клуч за нејзината убавина.
10. Едноставно, убавата жена име нештво во себе – Тоа е нешто посебно што жената го поседува, нешто што едноставно не знаете во која категорија да го сместите, нешто за коешто не постои правилен збор да би можело тоа да се опише.

You must be logged in to post a comment Login