Убава недела за студиото Disney – “Заледено кралство“ освои два Оскара и го проби прагот до милијарда долари заработка на благајните.
Во неделата вечер, на доделувањето на престижните награди на Американската филмска академија, 3D мјузиклот на Крис Бака и Џенифер Ли освои Оскар за најдобар анимиран филм како и Оскар за најдобра оригинална песна “Let It Go“ во изведба на Ајдин Мензел.
Истата вечер, популарниот цртан во киносалите ширум светот оствари заработка од астрономски милијарда долари.
Станува збор за вториот долгометражен цртан кој успеа да го помине овој магичен праг. Првиот анимиран филм кој влезе во кругот на милијардерите беше “Приказна за играчките 3“ во 2010 година кога заработи 1,06 милијарда долари.
Успехот на “Заледено кралство“ го потврди и продажбата на CD-иња со музика од филмот кој ова недела стана саундтрак со најдолго време поминато на чело на американските топ листи.
“Заледено кралство“ се закити и со Златен глобус, а освои и четири Еми награди – за музика, продукциски дизајн, режија и најдобро позајмен глас, признание кое му припадна на Џош Гад за улогата Олафа Снеска Белич.

You must be logged in to post a comment Login