Во деветтата и последна сезона на приказната на Тед кој на своите деца им раскажува за својот љубовен живот, фановите на серијата конечно дознаа која е мајката на неговите деца.
По девет години емитување, конечно искочи и последната епизода на популарната серија „How i met your mother“. Во последна епизода на приказната на Тед кој на своите деца им раскажува за својот љубовен живот, фановите на серијата конечно дознаа која е мајката на неговите деца.
Доколку не сте ја гледале последната епизода и не сакате да знаете што се се случи, тогаш подобро е да не го читате понатамошниот текст. За оние нестрпливите, откриваме што се случи на крајот.
Како што и предпоставуваа фановите, мајката на децата на Тед, Трејси Меконел е мртва. Трејси по скадниот брак и хармоничниот живот со Тед, починала од неочекувана болест.
Заводникот Барни по неговиот развод, повторно се враќа на заведивање на девојки, само за да направи дете со некоја од нив. Во текот на породувањето, тој се заљубува во девојката, а потоа гордо позира со нивното бебе.
Маршал и Лили и понатака се во брак, а Маршал конечно добива адвокатска работа за која што од секогаш мечтаеше. Овој пар добива уште едно дете, а по тоа конечно се преселија во нов стан.
Протагонистите на серијата со солзи се опростија од публиката. Во текот на емитувањето имавме прилика да видиме познати ѕвезди како Бритни Спирс, Џенифер Лопез и Кејти Холмс.
На линкот можете да ја погледнете последната епизода од серијата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=yK0vCXdvw5Y

You must be logged in to post a comment Login