Анџелина Џоли се наоѓа на насловната страна на декемврискиот број од магазинот Vanity Fair за кој даде интервју во кое зборуваше за бракот со Бред Пит, децата и желбата да се активира на полето на политиката.
Џоли најави дека е заинтересирана да се обиде во политиката, иако сè уште нема јасна визија околу тоа каква би била нејзината улога на тоа поле.
„Кога сте хуманитарец, свесни сте дека мора да го разгледате активирањето во политиката. Ако сакате навистина да направите промена, тогаш носите и одговорност. Но, искрено не знам во која улога би била покорисна – свесна сум за она што го работам за живот и тоа ги прави нештата помалку веројатни“ – вели Џоли која сепак напоменува дека е отворена кон идејата да се активира на полето на политиката.
Фотосесијата за магазинот ја сними Марио Тестино.

You must be logged in to post a comment Login