Чевлите со шпиц повторно се вратија во светот на модата, креаторите им дадоа посовремен изглед, па сега се многу поинакви од моделите кои се носеа во 90-тите. Женствени и отмени, овојпат тие се дизајнирани да ја следат линијата на стапалата и да имаат пократок шпиц.
Во новите колекции моделите се различни, главно направени од класична, лакирана и превртена кожа и во сите бои.
Освен кафени, црни или беж, популарни се и во сина, виолетова, зелена и црвена нијанса, па така се идеални и за веселите пролетни комбинации на гардероба.
Моделите со животински принт изгледаат многу атрактивно, а исто така и оние во повеќе бои, украсени со метални и светликави детали,кои ккао такви се совршени за посвечените прилики.
Погледнете како познатите дами ги носат чевлите со шпиц оваа сезона.










You must be logged in to post a comment Login