Оваа пролет носи нови, свежи и возбудливи трендови кај обувките. Стиловите за новата сезона се одразуваат на мечтаење , сексапил, храброст, без оглед дали се однесува на дневна или вечерна комбинација.
Веројатно Би се израдувале бидејќи оваа сезона се во тренд чевли со дебела пета, а тука се и новите модели на сандали и патики.
Ние Ви претставуваме водич поделен во 8 категории од каде Би дознале какви обувки треба задолжително да поседувате оваа пролет.
БОЈА
Не дозволувајте Вашите пролетни чевли да останат незабележани. Огромна е предноста доколку се одлучите за чевли во боите на виножитото, ти е би одговарале на секоја комбинација. Изберете еден ваков модел и сигурно нема да останете не забележани.











ШПИЦАСТ ВРВ
Шпиц чевлите се повторно во тренд, сеедно дали се работи за ниски или чевли на високи потпетици. Спој од сребрена боја, чипка и кожа – едноставно ќе се вклопи секоја Ваша комбинација.










ОКСФОРД ЧЕВЛИ
Овие чевли се комбинираат лесно, удобноста и елеганцијата се соединети. Личноста која Би ги носела ваквите чевли има стил кој е елегантен и софистициран. Одлични материјали и изработка.










ПРОЛЕТНИ БЕЛИ ЧЕВЛИ
Оваа пролет ризикувајте и дадете им можност на белите чевли. За оваа сезона пролет 2016 , белата е одлична за да го освежи Вашиот изглед. Без оглед за тоа за каков модел сте се одлучиле, белата боја им дава посебен изглед .








ЧЕВЛИ СО ДЕБЕЛИ ПОТПЕТИЦИ
Жените ги обожаваат ваквите чевли и за нивна среќа тие по неколку години повторно се враќаат во мода. Во споредба со високите и тенки потпетици, ниските и дебли потпетици се далеку поудобни и посигурни. Оваа пролет во мода се и антилоп и кожни модели на ваквиот модел.








ПАТИКИ
Патиките денес станаа многу повеќе од опрема за вежбање и како дел од секојдневниот стил никогаш не биле популарни.
познатите брендови на патики, се почесто имаат нови модели кои се доста интересни со различни дезени за секоја сезона. Не пропуштајте ги новите модели од Вашите омилени патики за оваа сезона.









ОТВОРЕНА ПЕТА
Овој стил на чели е исто така многу едноставен за комбинирање и за носење оваа пролет. Ако сакате да бидете во тренд и спремни сте на нешто ново, сигурно дека треба да се снабдите со ваков пар чевли за оваа сезона.










СЕКСИ ЧЕВЛИ СО ВРВКИ
Секси чевли со врвки и оваа сезона повторно се во мода. Сите девојки кои ги обожаваат овие модели на чевли знаат дека еден пар од истите никогаш не е доволен. Трендот ќе си покаже дека никогаш не се доволни едни вакви чевли, со висока и ниска пета се задолжителни!










You must be logged in to post a comment Login