Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Тексас комбинизон: Како да го носиме ова MUST HAVE парче облека

Тексас верувам дека сите сакаме да носиме. За тексас облеката се вели дека е безвременска класика, која освен удобност овозможува безброј можности за комбинирање. Додека минатата година  во истиот период најголема актуелност доживејаа кратките здолништа, оваа сезона ја обележуваат комбинизоните.

Овој практичен и трендовски модел може да се носи во дневни варијанти, особено оние oversize, но и во вечерни прилики во кои со добар избор на високи потпетици создава елегантен аутфит.

Оваа сезона, посебно внимание привлекуваат тексасниот комбинезон, кој претставува спој на спортски и модерен израз, а скоро сите познати модни трендсетерки веќе покажаа како да се носат.

Дневните комбинации се одлични за играње и комбинирање и не можете да погрешите ако тексас комбинизонот го искомбинирате со добар пар патики или сандали со високи потпетици.

Секако, штом ситуацијата со пандемијата се стабилизира, набавете ги вашите тексасни комбинезони за сончевите и подобри денови кои следуваат.

Прочитај