Кој би рекол…
Одамна ги познаваме основните стилски и модни трикови кои ги претвораат едноставните комбинации во посебни и забележителни. Модните детали играат голема улога и ако планирате да инвестирате во некои оваа пролет, тогаш марамата е одличен избор.
Може да се носат на многу различни начини – од врзување околу вратот до украсување на која било торба, вметнување во парчињата облека како посебен детал, но оваа сезона ја враќа модата дури од шеесеттите години.
Популарните трендсетерки го вратија специфичниот начин за носење на овој моден додаток. Меѓу нив е и Кендал Џенер, која комплетираше една дневна комбинација со марама .
Модните експерти тврдат дека овој моден додаток и дава на секоја комбинација одредена доза на елеганција, што не е во сомнеж.
Пробајте ја оваа пролет и бидете во тренд.

You must be logged in to post a comment Login