• Сподели на:

Романтика во Ресортот на ZUHAIR MURAD за 2017 година

___

Иако во светот на модата, многу попознати се Dior, Louis Vuitton и Gucci, понудата на модели на Зухаир Мурад е секогаш популарна.

Овој либански дизајнер можеби не е толку многу познат меѓу ,,обичните” луѓе кои не се доволно запознаени со модата и со деталите поврзани со модата, но тој сеуште собира поени кај секоја женска особа. Доволно е да видите само една од неговите креации и ќе останете без здив. Со уникатните детали кои го прославија овој моден креатор, тој ни нуди уникатна мода, изработена со рачни детали, неповторлива и гламурозна која одлично се вклопува во денешниот свет. Ако не сакате да изгледате како да сте фабрички произведени, Zuhair Murad го има вистинскиот предлог за Вас.

Ресорт 2017 е линија на истоимениот бренд која која го внесува гламурозниот дух во модели од 70-тите години. Инспириран од фотографот,Дејвид Хамилтон и сликарот Анри Русо, Зухаир Мурад создаде колекција, која содржи везени детали со кои тој е познат по своите исклучителни фустани, кои често можат да се видат на црвениот тепих, својата нова колекција носи гламур со спортски вибрации. Извезните фармерки, минијатурните маици и кратките јакни на овој дизајнер ја создаваат посекојдневна понудата на овој дизајнер кој веќе се здоби со многу позитивни коментари.


Оставете коментар

___