• Сподели на:

OLIVIA PALERMO & PIAGET

___

Olivia Palermo & Piaget

Ѕвезда со идеален и беспрекорен стил, Оливија Палермо блескаше во новата кампања…

Оваа дама беше претсатвена како заштитно лице на луксузниот накит Piaget. На тој начин, таа се придружи на Џесика Честејн и не воведе во новата колекција наречена топката Piaget. Инаку, Оливија беше самата свој стилист за ова снимање, додека нејзиниот сопруг,  Johanes Huebl беше фотограф на оваа кампања.

Оваа бринета направи интервју за продавницата за накит, каде што го откри се она што таа навистина го сака. Мојата љубов кон накитот се роди уште кога бев многу мала.Се сеќавам кога ги набљудував мајка ми и мојата тетка како се подготвуваат за вечера , а и двете имаа преубав антички накит кој задолжително беше дел од нивната вечерна комбинација. Изгледаа навистина прекрасно. Исто така, вистински уживам да ги посетувам саемита за накит и разни антикварници, каде често имам прилика да видам единствени модели кои би сакала да ги купам.

 


Оставете коментар

___