• Сподели на:

Неколку интересни модни совети за ниските девојки

___

Во модните совети за ниските дами можат да бидат вклучени најразлични теми.

Од боите што ги носите, до работите кои треба да ги избегнувате, потоа модните совети за работи кои се препорачува да носите и работи кои не треба да носите доколку не сте високи како познатите манекенки. Овие модни совети ќе ви помогнат да креирате илузија за висок раст и ако тоа е она што сакате, тогаш следете ги безусловно без никакви отстапки.

НОСЕТЕ ЕДНОБОЈНА ОБЛЕKА 

 

Носењето на еднобојана облека од глава до петици ќе ви помогне визуелно да ја издолжите вашата силуета. Носењето на премногу бои може да го направи вашето тело да изгледа дури и пократко отколку што е.

Еден од најпопуларните и најочигледни совети за ниските дами дефинитивно е носењето на високи чевли. Без разлика дали ќе одберете средно или многу високи чевли, штиклата ќе додадете неколку сантиметри висина кон целокупната визија. Ако не сте навикнати да одите на таков тип на чевли, тогаш зошто да не ги пробате модерните чевли на платформа?

Создавање на илузија за висок раст е игра со пропорциите. Носењето на здолништа и панталони со висок струк создаваат оптичката илузија за поиздолжено тело. Повисокиот струк создава илузија за подолги нозе, што автоматски го продолжува вашиот раст.

 

Долгите фустани и здолништа како да се еден од основните проблем на пониските дами. Долгите плисирани фустани и здолништа го апсорбираат нашето тело, од каде доаѓа и стравот од нивната должина. Мојот совет до пониските дами е да изберат нежни фустани кои се залепени за телото или фустани од сатен.

Мини фустанчињата и мини сукњчките се одлични, ако имате долги нозе, кои треба да ги покажете. Комбинирани со вистинскиот пар чевли, тие можат да направат нозете да ви изгледаат подолги и послаби. Сепак, здолништата со должина над коленото се најпогодни за жените со низок раст.


Оставете коментар

___