Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Модни трикови кои ќе направат да изгледате послабо

Модата е магија, а магијата се состои од илузии. Вистинскиот моден избор може инстантно да го подобри целосниот изглед и да го сокрие вишокот килограми кој ја разнишува женската самодоверба.

Визуелно избришете ги неколкуте килограми кои ве измачуваат со помош на следниве совети:

Заљубете се во „V“ деколте. Острото деколте кое ја краде формата на обратен триаголник го издолжува торзото, притоа бришејќи килограми од вашиот изглед. Купувајте кошули, блузи и џемпери со „V“ деколте и избегнувајте облека со заоблен изрез околу вратот.

Прескокнете ги чевлите со ремче на глуждовите и ниските чизмички. Обувките тип „Мери Џејн“ и сандалите со ремче на глуждовите ги прават нозете пократки и до израз доаѓаат позаоблените „листови“ и бутови. Поради истата причина, препорачливо е да не носите чизмички кои завршуваат под или на глуждовите.

Избирајте облека со „ситен“ принт. Крупните цветови, точки или геометриски форми ја акцентираат заобленоста на фигурата. Од друга страна, ситните и „збиени“ шарки го одвлекуваат погледот од проблематичните области.

Стојте подалеку од сатенот и светкавата облека. Сатенот ќе го истакне секој недостаток на телото и ќе придонесе да изгледате поголеми отколку што навистина сте. За разлика од него, „матираните“ материјали ја апсорбираат светлината и ви подаруваат ослабнувачки ефект. Доколку сакате погламурозен изглед, најбезбедно е да го постигнете со светкави и блескави модни додатоци.

Носете долг ѓердан за да го одвлечете вниманието од подбрадокот. Ако двојната брадичка ви ја намалува самодовербата, избегнувајте ги кратките ѓердани. Тие го насочуваат вниманието директно кон вашиот подбрадок. Наместо тоа, преферирајте ги долгите ѓердани, кои освен што ќе ги тргнат погледите од вашата брада, ќе ја издолжат и вашата силуета.

За крај, не може да не се спомене дека црната боја има најголема моќ кога станува збор за постигнување на послаб изглед, високите потпетици се најголем сојузник за повитка фигура, а правилното држење на телото е задолжително за привлечна силуета.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement